Сите невработени лица и работодавците да ги користат можностите за самовработување и отворање нови бизниси што ги нуди Владата, апелираат Агенцијата за вработување и од Министерството за труд и социјална политика. Само со изразена проактивност, лично вложување и основање сопствени бизниси може да се намали невработеноста, но и да се подобри бизнис-климата во земјата, вели Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување. Тој информира дека веќе се во тек огласите за четирите активни мерки, самовработување со кредитирање, самовработување со кредитирање за млади лица до 29 години, кредитирање правни субјекти за отворање нови работни места и кредитирање правни субјекти за отворање нови работни места за млади до 29 години. Повиците се отворени на 1 август и ќе траат до 22 овој месец.
Сите невработени лица и работодавците да ги користат можностите за самовработување и отворање нови бизниси што ги нуди Владата, апелираат Агенцијата за вработување и од Министерството за труд и социјална политика.
Само со изразена проактивност, лично вложување и основање сопствени бизниси може да се намали невработеноста, но и да се подобри бизнис-климата во земјата, вели Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување.
Тој информира дека веќе се во тек огласите за четирите активни мерки, самовработување со кредитирање, самовработување со кредитирање за млади лица до 29 години, кредитирање правни субјекти за отворање нови работни места и кредитирање правни субјекти за отворање нови работни места за млади до 29 години. Повиците се отворени на 1 август и ќе траат до 22 овој месец.
Агенцијата на веб-страницата има објавено и предлог бизнис-план кој треба да им помогне на апликантите при изготвувањето сопствен, односно да им покаже како треба да изгледа.
- Активните мерки за вработување се покажаа повеќе од успешни. Kредитирањето продолжува, имаме доволно пари - истакна Поповски.
Проектот за самовработување со кредитирање почна во 2008 година. Досега со негова поддршка се регистрирани 2.666 фирми, од кои денес успешно работат 2.096 со вкупно 2.874 вработени. Во рамките на оваа мерка се регистрирале и 1.331 индивидуален земјоделец.
- Имајќи предвид дека клучен предизвик за намалување на невработеноста е вработувањето на младите до 29 години, од оваа година се воведе и проектот за самовработување на оваа категорија лица. Во јуни беше објавен оглас преку кој заинтересираните можеа да подигнат 7.000 до 23.000 евра по извонредно поволни услови - нагласи директорот.
Новост е рокот на враќање на парите, седум години или 84 месеци. Периодот на отплата е 66 месеци, а грејс-периодот 1,5 година. Kаматната стапка изнесува еден отсто на годишно ниво.
Мерката кредитирање правни субјекти за отворање нови работни места почна во 2012 година. До денес по оваа основа се склучени 456 договори и се вработени 377 лица.
- Годинава во мерката е направена измена, дадена е можност на правните субјекти да им се одобрат по 4.000 евра за отворено работно место или максимум 12.000 евра за вработување три лица до 29 години. На јавниот оглас објавен во јуни аплицираа 22 правни субјекта за 36 вработувања и тие моментно се разгледуваат - посочија од Агенцијата.
Огласите за активните мерки за вработување ќе се објавуваат секој месец. Според директорот Поповски, доколку некој не биде примен сега, по потребните корекции на бизнис-планот, ќе има можност следниот пат.